Уредникот и новинар Бранко Героски кој има над 30 години искуство во македонското новинарство и кој водел повеќе медиуми веќе не може да ги разбере демантите од владата.
Героски вели дека плусинфо.мк ревносно ги објавува сите деманти на Владата на обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ затоа што тоа е професионална обврска на новинарите но не му е јасно што значел денешниот демант од Владата.
“Не ми е баш јасно што точно се демантира во овој демант. Дали се демантира дека лицето што го спомнува Милошоски е поврзано со ИСИС?
Не.
Дали се демантира дека тоа лице има добиено македонски пасош со лажен идентитет?
Не.
Се демантира дека Заев и Спасовски се тие што издавале вакви пасоши.
Тоа се демантира.
Божем ние помисливме дека Заев и Спасовски се шалтерски работници во МВР, а не премиер и министер, политички одговорни за ваквите активности на државната администрација, кои не се можни без директно учество на државни службеници од висок ранг”, пишува новинарот според кого оваа афера има огромно влијание врз урнисувањето на имиџот на Македонија во светот исто, ако не и повеќе, од аферите поврзано со трговијата со наркотици.
“Тешко е да се отфрли одговорноста на првите луѓе на Владата и на СДСМ за овие работи. Просто невозможно”, пишува Героски за демантот од владата кој го објавува.
https://plusinfo.mk/vlada-miloshoski-brutalo-lazhe-deka-zaev-i-spasovski-delele-pasoshi-na-teroristi-na-isis/





