Најголемите грижи за 93% од Европејците се зголемените трошоци за живот, а потоа заканата од сиромаштија и социјална исклученост – 82%.
Ова го покажува есенското истражување на Евробарометар за 2022 година, спроведено во периодот од 12 октомври до 7 ноември во сите 27 земји-членки на Европската унија. .
Граѓаните на Грција (100%), Кипар (99%), Италија и Португалија (и двете по 98%) се најзагрижени поради зголемените трошоци како и Бугарите во процент од 96%.
Поскапувањето се чувствува кај сите категории граѓани без разлика на полот, националноста, степен на образование.
Заканата од сиромаштија и социјалната исклученост е втора најчесто споменувана на европско ниво со 82%, по што следат климатските промени и опасноста војната во Украина да се прошири и во другите земји, кои се на трето место со 81%.







