Речиси 9 од 10 македонски граѓани се сомневаат дека во ,,Бехтел и Енка” има корупција

Само 12,9 проценти од македонските граѓани или речиси еден од десет сметаат дека изградбата на Коридорот 8 и 10 Д е чиста и немаат сомнеж за корупција.



Сите останати речиси 90 насто од граѓаните мислат дека има некаков проблем со овој проект. Огромни 54.6 се убедени дека во проектор има корупција а останатите не знаат но не велат дека нема.

Во последната анкетата на Маркет Вижн нарачана од Мкд.мк има три прашања за Бехтел и Енка со следниве одговори:

ДАЛИ ГО ПОДДРЖУВАТЕ проектот за изградба на коридор 8 и коридор 10д ?

✅ 59.4% – ДА

❌ 27.7% – НЕ

ДАЛИ сметате дека овој проект кој го гради Бехтел и Енка Е КОРУПТИВЕН ?

✅ 54.6% – ДА

❌ 12.9% – НЕ

За третото прашање ,,дали проектот треба да се гради под вакви услови” граѓаните се поделени на три групи со приближно иста големина.

Доколку проектот не биде спроведен во овие услови Македонија ќе мора да плати огромни пенали.

Повеќе детали за анкетата

Анкета: Македонија оди во негативна насока, сметаат над половина од граѓаните