Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев информирал родители од оваа општина дека дури 800 деца од предшколска возраст не можат да тргнат во градинка затоа што за нив нема место.
Сите 800 деца сега се на листа на чекање според изјавата која ја пренесуваат родители.
Богоев рекол дека ги молел министерката за труд и социјала и министерот Филипче да се променат протоколите за прием на деца во градинките но засега не добил позитивен одговор.
Во билбордите кои на минатите избори му ги спонзорираше Боки 13 Богоев ветуваше место за секое дете во градинките во Карпош.
Пред два дена дедо на детенце кое сега треба да тргне во градинка се пожали дека внучето не може да оди во градинката која е на педесетина метри одалеченост од нивниот дом а во која оделе и дедото и таткото на детенцето.
Револтиран Скопјанец прашува дали да вади партиска книшка за внукот за упис во градинка
Последна вест
Премиерот заборавил дури и на трогателниот и тежок момент кога функционерот го гушкал за да му даде поддршка
Од СДСМ исклучен човекот кој крвареше за да му го спаси животот на Заев






