Најавениот нов, пофлексибилен пристап во преговорите на Бугарија со Македонија го подржуваат само 31 отсто од испитаниците, покажува истражувањето на бугарската „Алфа рисрч“.



На прашањето „Која од двете позиции ја поддржувате – објавениот нов, подијалошки и флексибилен пристап на Бугарија кон С. Македонија, или претходната потврда позиција“ дури 49 отсто го поддржуваат претходниот поцврст став, a 20 oтсто не можеле да проценат. Истражување било спроведено од 6-ти до 14-ти февруари на 1.060 полнолетни бугарски граѓани од целата земја, преку директно, стандардизирано интервју.

Според анализата, со исклучок на Демократска Бугарија, поддржувачите на сите други партии во владејачката коалиција, вклучително и подржувачите на „Продолжуваме со промената“, го претпочитале досегашниот (стариот) пристап.