Дури 40% Бугари веруваат дека коронавирусот е биолошко оружје


Дури 40 проценти од граѓаниуте на Бугарија веруваат дека коронавирусот е биолошко оружје создадено за намалување на светската популација, покажуваат податоците од репрезентативно истражување на Центарот за истражување Тренд.

Нешто повеќе од една третина (33%) веруваат дека коронавирусот не е поопасен од сезонскиот грип. 880 илјади Бугари се на мислење дека со вакцината коронавирус ќе се става чип кај луѓето со цел да бидат контролирани.

Голем процент (45%) од оние кои веруваат дека коронавирусот е вештачко заболување со цел фармацевтските компании да остварат профит, објави News.bg.