Дури 306 деца чекаат место во градинките во Карпош, додека…

Во моментов 306 деца од населбите во Карпош чекаат место во градинките во оваа општина, а во нив се сместени 200 деца од други општини.



Карпош ќе ги отпишува од градинките децата кои не се од оваа населба

Според градоначалникот Стевчо Јакимовски, родителите кои живеат во општина Карпош, тука плаќаат данок и гласале за да им бидат решени нивните проблеми, пишува Плусинфо.

 Советот на Општина Карпош на седница одржана на 20 април 2022 година, донесе одлука од 10 јуни од градинките во општина Карпош да се отпишат сите деца кои не живеат на територијата на оваа општина.

Градаоначалникот Стевчо Јакимовски ова го најави уште во декември лани.

Сите градинки деновиве ги информирале родителите за оваа одлука, но тоа наиде на револт кај нив.