Од различни причини дури 13 пратеници од власта не гласаа за законот за земјоделие и рурален развој што денеска помина во Собранието каде опозицијата со кој се подобрува состојбата на македонските земјоделци.
,, Денес се изгласа законот за земјоделство и рурален развој, но НЕ затоа што коруптивниот министер за земјоделие замоли за тоа и НЕ затоа што имаше присутни 64 пратеници од владеачкото мнозинство”, објави Дафина Стојановска од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која учествуваше на гласањето.
Законот е изгласан со 51 глас ЗА од мнозинството и 39 гласа ЗА од ОПОЗИЦИЈАТА што значи дека 13 од пратениците на власта од свои причини не го гласаа важниот закон.
,,Што значи, да не беше опозицијата присутна денес, овој закон немаше да биде донесен.
Што значи, опозицијата АКТИВНО БЛОКИРА само штетни и коруптивни предлози на закони.
Што значи, опозицијата е СЕКОГАШ тука и СЕКОГАШ аргументирано критикува и се произнесува, за разлика од мнозинството кое е нем следач и недоволно присутно за да изгласа свој предлог на закон.
Што значи, 64 не е еднакво на 51.
Што значи, ПРЕМНОГУ Е!”, порачува Стојановска која ги користи хаштагот:
#изборите_се_излезот






