Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и неговиот црногорски колега за одржлив развој и туризам денеска потпишаа Спогодба за соработка во областа на животната средина.
Една од земјите со најзагаден воздух во светот минатата зима ќе разменува искуства со државата што милува да се нарекува „еколошка“.
Дураки, познат како „Командант Вентили“ од воениот конфликт во Македонија во 2001 година, изрази желба за поинтензивна соработка на двете земји, посебно во делот на размената на искуства во третманот на сите видови отпад, соопштија од црногорското министерство.





