Сашо Дуковски, адвокат на Митко Чавков смета дека вчерашното притворање на поранешниот шеф на БЈБ – на два дена пред изрекувањето на пресудата за 27 април – значи дека предудата е донесена и дека се работи за висока затворска казна.
Причина за притворањето биле „добиените сознанија“ дека Чавков ќе бегал на Халкидики во Грција каде имал викендица.
„Тој ниту поседува вила ниту било каква недвижнина во Република Грција. Тој од привор е излезен со гаранција од 600.000 евра која би пропаднала доколку избега и која е дадена од негови блиски роднини“ вели Дуковски според кој ова е тотално незаконито особено ако се има предвид дека притворот се определува два дена пред изрекување на пресудата.
„И ова е порака, дека ќе биде осудителна пресуда и тоа со екстремно висока казна за Чавков“ изјави адвокатот Дуковски за Телевизија 24.





