Адвокатот Сашо Дуковски ги отфрли како ноторна невистина исказите на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски дека Бојан Јовановски не барал средба со него за да сподели доверливи информации.
Јовески, како што пренесе Алсат ги отфрли како шпекулации тврдењата дека Боки 13 барал да го спроведат кај него за да сподели доверливи информации. Републичкиот обвинител вели дека Боки 13 досега му се обратил со писмен допис само еднаш, во кој се жалел на лошата здравствена состојба.
„Ноторна невистина е искажана од страна на јавниот обвинител на Македонија дека таква средба не била побарана. Не знам кому му оди во прилог, бидејќи јас како негов бранител го прочитав писмото пред тоа да биде испратено преку затворската управа.
А законска должност е јавниот обвинител да го чуе секој факт кој може да води кон евентуално процесуирање од обвинителството“, се вели во соопштението од Дуковски.





