“Фингирана постапка која има за цел да го загуши правото на искажување на својот став, предизвикување на страв кај анродот и замолчување” – вака го опиша целиoт процес за настаните од 27 април адвокатот Сашо Дукоски, адвокатот на Митко Чавков.
“Првиот човек на СВР Скопје бил должен да процени колку полициски службеници се потребни за обезбедување на собранието тој ден, па да се обрати до Митко Чавков. Ако Чавков не му даде доволен број службеници тогаш може да зборуваме за прекршок ама вака тие не можат да jа најдат соодветната бланкетна норма, норма која ја згрешил Митко бидејќи не згрешил! Ова е целосна небулоза, едни се осудени за дејствија на толпата, други за тероризам.” – вели Дукоски, кој истакна дека ова е класичен правен нонсенс и ништење на се што се нарекува право.
“Тие луѓе се 5 години во затвор, 50 нека се ако заслужиле ама ова беше класична проституција и ништење на се што се нарекува право” – заклучува Дукоски.





