Ана Дукоска, координаторка на глобалното непартиско движење „Ние сме Македонија“, преку видео обраќање од САД повика за семакедонско обединување против „продавањето на македонската историја и јазик на Бугарија“.
„ПОВИК ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ!
Јас сум Ана Дукоска, Македонка, дел од македонскиот народ од којшто власта црпи легитимитет во нормално демократско општество. Како Македонка, јасно и гласно, недвосмислено, се изјаснувам против продавањето на македонската историја и на македонскиот јазик на Бугарија.
Македонското прашање и негирањето на македонскиот народ, македонскиот јазик и македонската држава е болка којашто ние Македонците ја толерираме со дипломатски пристап и доверба во правниот и меѓународниот систем долги години. По подлегнувањето на власта на СДСМ под притисоците на Грција во 2018 година и потпишувањето на Преспанскиот договор со кој се промени нашето вековно име, сега се соочуваме со испишување на нова историја според бугарски гледишта, коишто во целост го менуваат македонскиот идентитет, наследство, историја и, многу важно, иднината на македонските поколенија!
Само народот може да ја спречи оваа продажба којашто се случува надвор од сите разумни граници на меѓународното право, политиката и дипломатијата, а тоа е да се одземе и да се негира правото на самоопределување на еден народ!
Во тоа име:
1. Ги повикувам македонските интелектуалци и историчари да се охрабрат и да се спротивстават на распродажбата на историјата и јазикот од страна на Владата;
2. Ги повикувам македонските политичари, без разлика на политичка идеологија, да се сплотат сите заедно во одбрана на македонскиот идентитет и опстанокот на нашата татковина;
3. Ги повикувам Зоран Заев, Никола Димитров и Бујар Османи веднаш и неотповикливо да си поднесат оставка;
4. Ги повикувам Македонците во Јавното обвинителство конечно да се ослободат од партиските пранги и да поведат обвиненија за одговорност на Зоран Заев, Никола Димитров и Бујар Османи за велепредавство;
5. Ве повикувам вас, македонскиот народ во Македонија, да не чекате на политичарите да ве повикаат да излезете на улица за да го покажете својот отпор!
Сето ова е возможно да биде запрено доколку сите повикани постапат поведени од македонското во нив. Немаме друга татковина. Една имаме. Македонија.
Македонци, вие кои живеете во Република Македонија и ние кои живееме надвор од неа, крајно време е да се обединиме! Ние, народот, сме на потег!
Да ја одбраниме татковината сите заедно и да си ја вратиме во наши раце, зошто само нам ни припаѓа.
Споделете и придружете се на кампањата со ваша видео порака!“, вели Дукоска во обраќањето од Вашингтон на линкот:
https://www.facebook.com/515985257/videos/10164524542730258/





