Дукоска пак до Марфи: Како наш стратешки партнер, треба да барате уставни измени од Бугарија за македонското малцинство

Координаторката на глобалното семакедонско непартиско движење „Ние сме Македонија“ од САД, Ана Дукоска, повторно му се обрати на американскиот сенатор Крис Марфи од Демократската партија, реплицирајќи му на пораката до Македонија дека „од исходот на процесот на уставни измени ќе зависат и идните односи со САД“.



„Да бидеме искрени, сенаторе. Не се согласивте. Вие баравте тоа да се случи. Како стратешки партнер на Македонија, треба да барате од Бугарија да направи уставни измени и да го признае македонското малцинство во Бугарија. Тоа е вистинскиот курс на дејствување што треба да го преземете!“, реагира Дукоска под објавата на Марфи на Твитер за средбата со „неговиот пријател“ Димитар Ковачевски во Скопје.