Ана Дукоска, глобален координатор на непартиското движење „Ние сме Македонија“, со порака за Денот на независноста на Македонија од пред Конгресот на САД.



„28 години по прогласувањето на независноста, македонската држава денес е заробена од насилно инсталирана власт, која противуставно ѝ го промени името и ја распарчува секој ден сè повеќе и повеќе…

Сите ние кои го препознаваме само референдумот од 8 септември 1991 година денес не празнуваме „Ден на независноста“ на безимена држава. Ќе продолжиме со славење кога ќе ја ослободиме Македонија од стегите на илегално инсталираната власт и кога повторно ќе можеме со гордост да го одбележиме Денот на независноста на Република Македонија!

А дотогаш, борбата продолжува.
Сè погласна и помоќна!

#НиеСмеМакедонија ? #МакедонијаВечна ❤?
#МакедонскоЛето ☀️

„Негде ќе те премолчат, негде ќе те сокријат,
гроб со гроба ќе покријат.
Само ти си бесмртна,
жива вода подземна,
кај што тонеш ти извираш.

Векови пеколни, заедно ќе минеме,
древна земјо Македонска,
така е пишано, ништо да не бидеме,
ти без мене јас без тебе.
Векови пеколни, заедно ќе минеме,
древна земјо Македонска,
Така е пишано, сестро ништо да не бидеме,
ти без мене, јас без тебе“, порача Дукоска преку Фејсбук од Вашингтон.