Сопственици на трговски локали во трговски центри прашуваат зошто за нив важат поинакви правила од тие за банките и големи продавници во кои освен прехрамбени производи се продаваат и други потребштини.
Како пример ги наведуваат шопинг центрите Веро каде освен храна може да се најде и облека, играчки и други производи кои не се неопходни.
Тие прашуваат зошто нивните дуќани за кои плаќаат огромни кирии речиси два месеци се затворени а истовремено работат Веро и банките каде има метеж.
Бараат владата веднаш да дозволи нивно отварање а тие би обезбедиле да нема по повеќе купувачи во дуќаните за да се почитуваат мерките за борба против коронавирусот.




