„Утре ќе видиме кој е за интеграција, а кој за изолација, кој е за Европа, а кој за Русија, кој за перспектива, а кој за уназадување“, соопшти вчера владејачката ДУИ според која денешнат седница за уставните измени ќе биде одлучувачка за европската иднина.



Од партијата на Али Ахмети апелираа до сите пратеници да размислат за важноста на нивната историска задача, со цел, како што велат, земјата да оди напред бидејќи уставните измени се одлучувачки чекор за продолжување на нашите евроинтегративни преговори.

„На манипулацијата со граѓаните од страна на различни деструктивни сили ѝ дојде крајот откако Демократската унија за интеграција како сериозна партија со проамериканска-европска ориентација ги стави на располагање сите можни опции, само за евроинтеграцискиот процес на земјата да не биде блокиран“, се наведува во партиското соопштение.