Претседателството на ДУИ на денешната седница донесе одлука партијата да настапи со свој кандидат на претседателските избори, соопшти Бујар Османи вечерва.
Од партијата, меѓутоа не ја исклучуваат можноста за консензуален претседател со коалициониот партнер СДСМ, доколклу биде постигнат таков договор.
„Претседателството едногласно одлучи на овие избори ДУИ да оди со свој кандидат, но даде можност доколку наредните денови се создадат услови за соработка со други политички партии за наредните избори претседателот на партијата да разговара со албанските политички партии или со партиите на други етнички заедници по концептот консензуален кандидат“, изјави Османи.




