ДУИ со нова предизборна финта: Ахмети најави Албанец претседател по Пендаровски

Лидерот на ДУИ која е потресена од низа скандали и трагедијата во Тетово на гласачите им најавува претседател Албанец по заминувањето на Пендаровски.



“После министер за одбрана Албанец, после министер за надворешни работи Албанец, после претседател на Собрание Албанец, на следните парламентарни избори последните 100 дена влегуваме со премиер Албанец. Наредно е претседател на држава да биде Албанец”, најави вечерва Ахмети.

Тој на митинг им порача на граѓаните да гласаат за актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Според него, тој навистина вредно работел и заслужува нов мандат.