Граѓаните одлучуваат кој ќе биде во влада, а не Зоран Заев и Христијан Мицкоски, порача кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери.
Тој заедно со членови на ДУИ со автобус со кои ќе ги посетуваат граѓаните го најавија завршниот дел од кампањата за изборите на 15 јули.
„Ги повикувам граѓаните да ја искористат приликата и да гласаат за првиот премиер Албанец за да изградиме подобро општество за сите“, изјави Зибери.
На новнарско прашање како ќе дејствуваат ако ДУИ не биде вклучена во преговорите за влада, Зибери рече дека во повеќепартиски систем волјата на граѓаните ја дефинира структурата на застапување на граѓаните во владата, а уставот ќе детерминира кој ќе формира парламентарно мнозинство за нвата влада. Според него било чии изјави се сам во функција задобивање повеќе политички поени или се дадени во афект, за што тој жали, пренесе Плусинфо.





