„Владата одобри два значајни проекти кои беа ветувања во изборната кампања“, објави на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи по завршувањето на вчерашната седница на која Владата исполни две предизборни ветувања на владејачката ДУИ.
Усвоен е Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година,кој предвидува и рамноправна етничка застапеност и во риватниот сектор.
Со Оперативниот план што го усвои Владата, обезбедени се една милијарда 516 милиони денари и со него ќе бидат опфатени 10.279 лица, при што треба да се почитува и принципот за „правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна… основа“.
Вториот успех е прогласување на Шар Планина за зџаштитетно подрачје од втора категорија…






