ДУИ „од врата до врата“ во кампањата на Пендаровски

Коалициониот партнер ДУИ, активно ќе се вклучи во кампањата зна консензуалниот кандидат Стево Пендаровски, соопштија од партијата.



„Мобилизирани сме сите, вклучувајќи го и раководството на партијата… Во секое населено место ќе ја проследиме нашата определба. ДУИ е определна за концептот за НАТО, за ЕУ, за заедничкиот консензуален претседател, а не евроскептицизам и скептицизам кон НАТО, изјави Арбер Адеми од ДУИ.

Тој додаде дека активностите на ДУИ ќе вклучуваат директни средби со граѓаните од куќа до куќа; пренесува Фокус.