Адвокатот и член на колективното претседателство на непарламентарната партија ,,Твоја” Александар Тортевски анализира како се однесува ДУИ кога ќе дојде до контрола на државните капацитети во различни институции.
Тортевски анализира дека партијата на Ахмети кога ќе добие контрола на државни ресурси ги третира како воен плен.
,,Функционерите на ДУИ кон сите државни ресурси се однесуваат како кон новоосвоени непријателски територии. За тоа градат каде сакаат и колку сакаат во национални паркови, легализираат дивоградби, ги трошат буџетските пари по слободно партиско и лично наоѓање”, коментира Тортевски за однесувањето на ДУИ на власт.





