Изјавата за формирање на фракцијата и организирањето на паралелни собири се главните причини за „самоисклучувањето“ на „огнената група“ од ДУИ, изјави генералниот секретар на оваа партија Фатон Ахмети за ТВ21.



„Фракција не е форма признаена со статутот на ДУИ. Нашиот статут не признава ваква форма на организација, туку на тоа се гледа како на спротивставување на платформата на програмата на ДУИ и … во овој случај тоа е исклучување при што претседателот на партијата го има тоа ексклузивно право.“, рече Ахмети.

Меџити: Со ДУИ владее Груби, а не Али Ахмети

Ген-секот на ДУИ вели дека лично лидерот на ДУИ му рекол да не ја покани „Огнената група“ на последниот состанок.

„Претседателот Ахмети е тој кој ги свикува состаноците а јас како генерален секретар имам обврска за да ги организирам состаноците и претседателот ми кажа да не ја поканам оваа група јас туку претседателот ќе ги извести дека нема да бидат поканети на овој состанок.“, вели Ахмети. реклама

Генералниуот секретар немаше конкретен одговор дали Изет Меџити и понатаму е потпретседател на партијата…

Меџити: Јас сум потпретседател на ДУИ и тоа не може да го сменат неколку членови на партијата