ДУИ не ја прифаќа резолуцијата поднесена до собранието од ВМРО ДПМНЕ, јави Телма.
Претходно вчера министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој е од редовите на ДУИ оцени дека иницијативата за таквата резолуција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ е штетна.
Од ДУИ побарале сите партии да го усогласат текстот и по него да се гласа.
Алијанса на Албанците и Алтернатива дополнително ќе заземат став откако претходно за ова ќе дискутираат партиските тела, Алијанса бара владејачките СДСМ и ДУИ да го усогласат ставот за резолуцијата да се донесе со консензус.







