А
Во ДУИ воопшто не било разгледувано прашањето со „бомбите“ што ги објавува лицето што стои зад ФБ профилот „Ел Чека, вели Бујар Османи.
„Сметаме дека не е прашање што треба партијата да го разгледа ниту не засега туку е прашање на институциите кои треба да гарантираат дека приватната комуникација на граѓаните треба да биде гарантирана.
Институциите имаат обврска тоа да го сторат. Апсолутно немаме никаква вознемиреност во тој дел ниту нешто посебно правиме бидејќи тоа не е надлежност ниту на ДУИ ниту на другите политички партии, тоа е прашање на институциите“ вели вицепремиерот Османи, како што пренесе Макфакс




