ДУИ не е против новите функции што ги доби „Алтернатива“

ДУИ нема ништо против големиот број на функции кои Алтернатива ги доби по официјализирањето на дговорот за влез на партијата во владата и формирњето на мнозинството.



Министерот за надворешни работи, Бујар Османи тврди дека ДУИ била координирана и консултирана во текот на целиот процес и дека се што договорил Заев претходно било разговарано со ДУИ.

Неофицијално, во новата влада што ја договорија Гаши-Заев ќе има 18 министри и заменици министри Албанци и 17 министри и заменици од мнозинскиот народ од кои, пак, сите не се Македонци.