Лидерот на ДУИ одговори на писмото на истакнати членови на партијата, меѓу кои и двајца пратеници, заменик-министер и двајца градоначалници, преку јавно писмо побараа од лидерот Ахмети да го врати партиското единство и да ја заврши внатрепартиската „војна“. Тие го обвинија вицепремиерот Артан Груби дека како дел од извршната власт сам одлучувал за кадровските поставувања и дека дилетантски се однесувал, со што се придонело кон револт и пасивност на гласачкото тело, што пак резултирало со лоши изборни резултати на последните избори во Тетово.
Коментирајќи го вчерашнато писмо потпишано од високи сегашни и поранешни функционери во кое се искажува незадоволство од Артан Груби, Ахмети вели:
„Реков дека ДУИ има поставено стабилни структури кои можат да функционираат без Али Ахмети, без Блерим Беџети, без Муса Џафери, без Изет Меџити, ова е национална инвестиција и оваа национална инвестиција има силна основа и силна поддршка“,коментира првиот човек на интегративците.
Според Ахмети, ова не е нешто ново и внатрепартиските превирања ги оцени како вредности на демократијата на кои и тој инсистирал веќе 20 години.






