ДУИ ќе тужи политичари и медиуми за случајот „ПИОМ“

Вицепремиерот Бујар Османи побара во следните 24 часа јавно да се извинат сите, медиуми и политичари, кои го инволвирале ДУИ во случајот со пензиите во ПИОМ што го обелодени министерката Мила Царовска.



Министерката вчера поднесе барање до ОЈО да отвори случај против „непознат сторител“ за да се расчисти случајот.

„Поради штетата што е направена, во име на ДУИ најавувам дека за сите политичари и медиуми кои го инволвираа вчера ДУИ во оваа лажна вест, доколку не се извинат во наредните 24 часа ќе мора да покренеме правна постапка со цел докажување на вистината“, изјави Бујар Османи на денешната прес конференција во Владата.