На претстојните локални избори, ДУИ во првиот круг ќе го поддржи Петре Шилегов за градоначалник на Скопје, а СДСМ ќе возврати поддршка за Висар Ганиу за Чаир, Блерим Беџети за Сарај и Фатмир Дехари за Кичево, односно таму социјалдемократите нема да номинираат свои кандидати, дознава Плусинфо
Ова, според брифинзи од партиите, е дел од пакетот за поддршка помеѓу владините партнери Зоран Заев и Али Ахмети договорен на вчерашниот состанок за соработка на локалните избори.
Неофицијално, договорено е во првиот изборен круг ДУИ да не оди со кандидат во Куманово, туку да го поддржи кандидатот на СДСМ.
Според информациите, СДСМ ќе оди со кандидат во Тетово и во Гостивар и договорена е заемна поддршка во вториот изборен круг во зависност од тоа кои од кандидатите ќе влезат за избор за градоначалник, дознава Плусинфо.






