ДУИ ќе го добие МВР во техничката влада!?

ДУИ е мошне важно да ја задржи заменик-министерската функција во МВР, што сега/ ја извршува Агим Нухиу, пишува „Плусинфо“.



Оваа позиција, како што се посочува, е битна за ДУИ, затоа што, согласно со концептот за избор на „Пржинска влада“, сегашните заменик-министри во внатрешни работи и во труд и социјална политика, практично, ќе ги преземат министерските позиции во овие ресори по завршувањето на изборите, па до изборот на новата влада.

Така ДУИ ќе има министер за внатрешни работи, како што имаше и во периодот по изборите во 2016 година до јули 2017, кога беше избрана владата на Заев.

Во април 2016 година, кога тогашната техничка влада на Емил Димитриев го трошеше третиот месец од мандатот, а паралелно се лицитираше со тоа дали ќе бидат одложени тогашните парламентарни избори, првично закажани за 24 април, ДУИ приреди изненадување со вест дека нејзините министри излегуваат од владата. Потоа се испостави дека тоа не значи и излегување на ДУИ од техничката влада, затоа што оваа партија само ги замени тогашните министри од нејзините редови со нови имиња.