ДУИ е решена да ги употреби сите механизми во Собранието за да ги блокира измените на изборниот модел и наместо 6, Македонија да биде една изборна единица.



Еден од џокер-амандманите за блокада е пратеничките мандати да се врзат со последниот попис на населението од 2002 година, дознава од извори од партијата „Плусинфо“.

Тоа значи, пратеничките мандати да се поделат и да бидат загарантирани според последниот попис заради правична застапеност.

Во таков случај, според пресметките на ДУИ, за Македонците ќе бидат обезбедени 77 пратенички места во Собранието, Албанците ќе имаат 30 пратеници, 5 ќе бидат загарантирани за Турците, 3 за Ромите, Србите 2, додека Власите, Бошњаците и другите би имале по еден пратеник, пишива „Плусинфо“.

Ова вечерва го најави и пратеникот на ДУИ, Артан Груби во Гостување на ТВ24.