ДУИ ја поздравува улогата на Франција во спорот со Бугарија: Компромисот не е против Македонците

„Демократската унија за интеграција ја поздравува конструктивната улога на француското претседателство во изнаоѓање прифатливо решение за спорот на нашата земја со соседна Бугарија и цени дека предлогот даден во форма на идеи за решение е добра основа за затворање на спорот и за деблокирање на нашиот европски пат.“ – јави информативната агенција на албански јазик „Журнал“, пренесувајќи го соопштението на ДУИ во врска со „францускиот предлог“.



„Журнал“ пренесува: „Нашата земја е пред историска одлука, за отворање на преговорите со Европската унија и за затворање на сите прашања со соседите и спорни за нашата земја. Затоа оценуваме дека не треба да се пропуштат овие шанси за компромис, кој никако не им наштетуваат на националниот идентитет, јазикот и националното достоинството на нашите сограѓани Македонци, за доброто на безбедната и напредна иднина на земјата и регионот.’ – соопштија од ДУИ.“

„Демократската унија за интеграција апелира до сите страни вклучени во овој историски процес рационално да пристапат кон содржината на предлогот и заедно да ја донесат долгоочекуваната одлука за деблокирање на интегративниот пат на земјата.“

„Заедно со партнерите од владината коалиција, опозицијата, Собранието, Претседателството, институциите во земјата како и медиумите, граѓанското општество, академскиот свет, врз принципите на отвореноста го започнуваме процесот на консултации, во кои, како никогаш досега се бара зрелост и рационалност, а не субјективен протагонизам за тесни интереси.’ – велат од ДУИ.“

„Демократската унија за интеграција останува доследна на своите позиции за решавање на спорот со Бугарија и поради оваа причина, оценуваме дека францускиот предлог е во дозволената рамка на еден рационален компромис.’ – се нагласува во партиското соопштение.“

„Овој предлог, овој пат, оваа иднина има поддршка од Вашингтон, Брисел, Париз, Лондон, Рим и западните престолнини, а сите достигнувања на земјата ни се заеднички со евро-американската заедница.’ – соопшти ДУИ.“