ДУИ денеска се огради од заканувачкиот статус на нивниот член Шкодране Дардишта Дардишта, нивната активистка и поранешна директорка на заеднички служби на Клинички центар која се закани со војна, откако ВМРО-ДПМНЕ објави дека има ново мнозинство.
Лидерот Али Ахмети рече дека таквата изјава не оди во полза на нивната кауза.
„ДУИ во каузата ја има слободата и таквите изјави не се во интерес на партијата и на каузата“, рече Ахмети.
На објавата на Дардишта денескка реагираше генералот, Стојанче Ангелов кој рече дека напишаното го натерала да и одговори во нејзин стил
Причина за непримерниот статус е незадоволството поради актуелните случувања и можноста ДУИ по долги години да замине во опозиција.
Дардишта е член на Одбор на директори на Македонски Телеком, а до формирањето на сегашната влада била директор на заедничките служби на Клинички Центар.







