ДУИ ја бара Народна Банка


Фатмир Бесими да биде именуван за гувернер на Народна банка, а премиерот Зоран Заев да ја постави актуелната гувренерка Анита Ангеловска Бежовска за министер за финансии, барал ДУИ дознава „Коха“.



„Важно е дека ние не се откажавме од тоа, албански кадар, се разбира професионалец, да раководи со Народната банка на Северна Македонија. Ова беше и една од точките кога беа поделени ресорите заедно со СДСМ, кога беше формирана владејачката коалиција”, велат за Коха од ДУИ.

Бесими беше во комбинација да раководи со НБРМ и пред да биде назначена Бежовска за гувернерка.

Државната комисија за спречување на корупција во порача на Заев дека не може до недоглед да биде и неформален министер за финансии односно дека треба што побргу да назначи опфицијален раководител на тој ресор.