ДУИ избра своја екс пратеничка за помошничка на Груби за ,,Бехтел и Енка”

Професорката од Државниот универзитет во Тетово, д-р Семијал Хасани Зибери е избрана за помошник на Артан Груби, главниот и одговорен координатор на проектот за изградба на коридорите 8 и 10Д кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“, дознава „А1он“.



Таа според информациите наводно била најдобриот кандидат на конкурсот кој наместо изведувачот, го распиша Јавното претпријатие за државни патишта, а во кој се бара привремено вработување на работници за изградба на четирите делници од коридорите 8 и 10Д.

Хасани Зибери е градежен инженер која во 2020 година ја одбранила докторска теза со наслов „Сеизмичка повредливост на виталните објекти во полошкиот регион“. Таа била асистент професор и на универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, а од 2008 година до денес е главен инженер во приватна компанија од Тетово.

Во периодот од 2002 до 2006 година Хасани Зибери била пратеник на ДУИ во македонскиот парламент.

Сега се очекува таа да добива над 70 илјади денари од владата за ангажманот, јавува А1ОН