ДУИ има убава работа да соопшти во сабота, вели Заев

„ДУИ има убава работа да соопшти во сабота. Убава затоа што е целосно во корелација во работењето на Владата, затоа што е модерна и соодветна на 21 век. Мене ме бендисува тоа што вака се размислува во највисоките органи и тела на ДУИ“- изјави премиерот Зоран Заев запрашан за тоа дали се точни информациите дека Али Ахмети на 5-ти јуни ќе објави дека неговата партија ќе предложи Албанец кандидат за градоначалник на Скопје на локалните избори кој би бил поддржан и од СДСМ.



„Јас ќе оставам ДУИ да соопшти затоа што тоа е нивна агенда, нормално споделена со нас“, рече Заев.

„Ќе ги препознаете голем број од државните политики како биле вградени согласно новата агенда која ја има ДУИ. Јас верувам дека сето тоа е во духот на унапредување на севкупниот политички амбиент во државата. Еве, ние во СДСМ направивме сериозни промени, непосредни избори со 50 проценти жени и мажи, поголема застапеност на младите итн.

А тоа ДУИ што го прави е навистина освежување и убава новина, ама секако тоа е право на ДУИ да го соопшти“, вели премиерот.