Изборите да траат неколку дена и да се гласа од понеделник заклучно со среда, во работен ден, а изборниот ден наместо до 19 да трае до 21 часот.
Да се гласа на отворено каде што има услови за тоа, позитивните на ковид-19, како и лицата кои се во изолација и во самоизолација да гласат заедно со болните и немоќните, односно од дома, се некои од варијантите што ги заговараат владејачките СДСМ и ДУИ.
Власта најавува дека изборите ќе се одржат во термин од 5 до 15 јули, иако опозициската ВМРО-ДПМНЕ засега не дава виза за датум за избори.(Плусинфо)





