ДУИ: Груби носи патики купени на попуст

Од парѕијата на Али Ахмети реагираа на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека првиот потпретседател на Владата, Артан Груби, носел скапи патики, кои чинеле колку една македонска просечна плата.



Oд партијата велат дека патики чинeле 138 евра, и купени на попуст од 212 евра.

„Денешното ВМРО-ДПМНЕ е непрепознатливо кое што го „пушти низ вода“ сето свое претходно раководство и се служи со омаловажување на другите преку „Гебелска пропаганда“. Затоа, Никола Груевски има четирипати поголем рејтинг од Христијан Мицкоски и повеќе од една третина на гласачите на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржуваат Мицкоски туку го сметаат се уште Груевски како нивен лидер.

ВМРО-ДПМНЕ треба да се извини за клеветите и личните навреди упатени кон Првиот потпретседател на Владата, г-дин Груби. Во прилог Ви испраќаме доказ за цената на патиките за кои замислете, се состануваше Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и донесе стратешка одлука да креира уште една лажна вест по наредба на нивниот претседател во својата секојдневна колекција“ велат од владејачката ДУИ.