ДУИ ги повикува граѓаните да гласаат „зелено“ на локалните

„Демократската унија за интеграција ќе настапи со слоганот „Избери живот, гласај зелено“ на претстојните локални избори, кои ќе се одржат на 17 октомври.



Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, истакна дека изборната програма на ДУИ е заснована на пет столба, со крајна цел подобрување на животниот стандард на граѓаните.

„Заедно мора да го оствариме зелениот сон. Изборната кампања треба да открие како кандидатите уште повеќе ќе ги развијат нашите општини, како уште повеќе ќе ги вклучат граѓаните и како секој ден ќе го слушаат нивниот глас. Ние како ДУИ се обидовме да останеме партија на дадениот збор и оствареното дело, затоа се договоривме со сите кандидати да се придржуваат до зелената агенда за подобрување на квалитетот на животот“, рече Османи.

Во јуни годинава лидерот Али Ахмети соопшти дека ДУИ станала „зелена партија“.