ДУИ ги исфрла СДСМ и министерката за одбрана Славјанка Петровска од стратешко тело за НАТО кое сега е целосно во рацете на Мала Речица, открива екс полковникот а сега пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.
Во раководството на новото владино тело за носење на тешки одлуки нема министер од СДСМ.
,,Еве како ДУИ дополнително ги исфрла од игра веќе постоечките министри на СДС и заменици од Алијанса на Албанците.
Вчера на ниво на Владата во технички мандат си формирале некаков координативен совет за НАТО за носење на одлуки во тешки времиња на чие чело го назначиле Талат Џафери, а Бујар Османи станал негов заменик.
Министерот за одбрана не е ни ,,прва” заменичка на телото.
Брука”, објави Ковачки кој потсетува Дака на сличен начин се изиграни и министерот за транспорт Благој Бочварски со коридорите на Бехтел и Енка и Славјанка Петровска со НАТО.
ДУИ со 13 пратеници ја издоминира распаднатата и килава СДС, а сето тоа на штета на државата, пишува Ковачки.





