ДУИ ги доби МЕПСО, АЕК, М-НАВ, ЈП за државни патишта, Агенцијата за лекови

Директорските места во Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО), Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), Македонска навигација (М-НАВ), Јавното претпријатие за државни патишта и Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) се само дел од „миразот“ за ДУИ за новиот владин „брак“ со СДСМ.



Имињата на наведените државни или јавни претпријатија и институции осамнаа на видеоѕидот зад лидерот Али Ахмети на прес-конференцијата на која ги соопштуваше партиските кандидати за министри.

Од Мала Речица засега не ги соопштуваат имињата на петтемина директори од „златните кокошки“ што ги добија интегративците за старо-новата влада со социјалдемократите.