Втората половина на мај, почеток на јуни или најдоцна октомври наредната година се добри термини за одржување на предвремени парламентарни избори сметаат од владеачката ДУИ.
БЕСА и Алијансата на Албанците ќе ја подржат секоја иницијатива која нуди нови избори.
ВМРО-ДПМНЕ не ја исклучува можноста да поднесе иницијатива за распишување во Собранието.
Од СДСМ велат дека не е за предвремени избори годинава кога треба да се завршат процесите со зачленување на државата во НАТО и добивање датум со ЕУ, но наредната година тоа би можело да се случи пред редовниот термин во декември.





