Прашан што ќе се случи ако премиерот Зоран Заев побара од нив како коалициски партнер одложување на изборите, пратеникот од редовите на ДУИ, Артан Груби рече дека тоа е хипотетичко прашање. „Ние сме за избори. Ги очекуваме изборите, спремни сме, реформирани и готови да ја преземеме повторно одговорноста од граѓаните за реализација на нивните очекувања.
Исто така, ги поддржуваме сите законски решенија, било да е тоа Законот за Армијата, Законот за ЈО, па дури и инкорпорирањето на препораките од ОДИХР и ОБСЕ во Изборниот законик кои би сакале да се усвојат во текот на јануари, по изборот на преодната влада, која ќе треба да ги организира изборите“ вели Груби.




