ДУИ е против „метла“, сами ќе ги проверат функционерите од нивните редови

Во ДУИ сметаат дека најпрво партијата треба да направи проверка на владините функционери од своите редови – дали имале криминални дејства, неморално однесување – па дури потоа и доколку има такви тогаш тој или тие функционери ќе треба да ја напуштат позицијата во владата.



„Ние не ја прифаќаме ‘метлата’ ни како терминологија, ниту како алатка за смена на кадри. Имаме добра иницијатива и се надевам дека ќе ја прифатат и другите политички партии’ кратко брифираат од ДУИ, пренесува А1Он.

Функционери на ДУИ но и владини функционери во неколкју наврати изјавуваа дека зџа нивната позиција одговорен е само лидерот Али Ахмети.

Партискиот ветинг се очекува да биде спроведен до конгресот на ДУИ, кој најверојатно ќе се одржи до крајот на годинава, дознава Плусинфо, а ќе гоп спроведуваат потпретседателите Изет Меџити, Теута Арифи, Невзат Бејта и Садула Дураку, и организацискиот секретар Артан Груби.

Овој став веројатно ќе биде изнесен и на поопладневнага средба на премиерот Зоран Заев и лидерот Али Ахмети на која се претпоставуваше дека ќе бикде отворено и прашањето за реконструкцикја на владата што Заев ја најави за првата половина на јуни.