ДУИ: Двојазични ознаки за поголема доверба меѓу полицијата и граѓаните

Демократската Унија за Интеграција смета дека усвојувањето на Уредбата од страна на Владата со која се официјализира употребата на албанскиот јазик во полициските униформи претставува исполнување на уште една обврска која произлегува од Охридскиот Рамковен Договор и која е во согласност со Законот за употреба на албанскиот јазик донесен од страна на Собранието на Република Македонија.



„Оваа владина уредба е уште еден чекор кон исполнување на законската обврска, но и за зголемување на довербата меѓу полицијата и граѓаните, бидејќи оваа доверба ќе има уште поголемо влијание врз лојалноста на граѓаните и општествена кохезија и создавање и изградба  на демократските институции во државата.

Демократската Унија за Интеграција констатира дека е успешно завршена уште една задача согласно Уставот и Законот, што е одраз на принципиелното спроведување на начелата на еднаквост како гаранција за напредокот на нашата земја за еднакво општество чија цел е интеграцијата на земјата во големото европско семејство“, се вели во соопштението на ДУИ.