Во Владата ДУИ ќе има пет заменици министри и пет државни секретари во владата, соопшти денеска рече првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на денешната прес-конференција.



Тој рече дека неговата партија ги добива заменик министерските места во ресорите внатрешни работи, одбрана, транспорт и врски, правда и здравство.

Груби изрази надеж дека утре или задутре ќе се знаат и имињата на новите владини функционери.

Спооред вицепремиерот, директорските места се уште не се поделени.