ДУИ до Заев: Не си играј со оган, не ја понижувај заменичката министер во финансии

Со најавата дека тој нема да биде формално министер за финансии но дека ќе го води и контролира министерството за финансии премиерот Заев предизвика многу реакции во јавноста но го испровоцира и својот коалиционен партнер ДУИ.



Извори во партијата тврдат дека нема да дозволат Заев да ја понижи заменичката министерка за финансии Ширет Елези која што според нив со успех ја врши својата функција.

Заев не е тој што може да одзема ингеренции од замениците од ДУИ без да се консултира со лидерот Али Ахмети а засега таква средба немало, тврдат изворите во најголемата албанска партија кои сметаат дека по бомбите на Ел Чека за кои постои сомневање дека потекнуваат од СДСМ, ова е втор голем удар за ДУИ од премиерот.

Во ДУИ не сметаат дека најавеното одземањето на ингеренциите на Елези е смислен чин на Заев да се понижи ДУИ но тој морал да знае дека партијата нема да му дозволи да биде понижена нивната сопартијка без разлика што за нив е јасно дека се работи за груб превид и непознавање на законите во кабинетот на премиерот.

Елези ќе ја врши функцијата заменик министер и таа ќе го преземе раководењето со државната каса како што предвидува законот а ако Заев сака да не се почитуваат законите тогаш ќе мора да дојде во Мала Речица за да тие да се сменат, велат изворите блиски до раководството на ДУИ по контраверзните изјави и чекори на Заев кој по секоја цена сака да го контролира министерството за финансии.