ДУИ блокира иницијатива со која може да се спречи хаос во високото образование

ДУИ односно спикерот Талат Џафери и министерот за образование Јетон Шаќири блокираат иницијатива со која може да се спречи хаос во високото образование.



Повеќе од 80 еминентни професори од три водечки универзитети во Македонија се потпишале на иницијатива со која што се бара власта да донесе одлука за продолжување на работниот век на универзитетските професори од максимални 67 на 70 години.

Иницијативата треба да го реши проблемот што настана со децениското владино блокирање на вработување на асистенти кои требаше да направат научен континуитет и кои по пензионирањето на шефовите на катедри и најискусни професори требаше да ја продолжат едукацијата на високообразовните институции.

По 15 година блокада сега на голем број катедри ќе нема кој да продолжи да работи со студентите, магистрантите и докторандите поради што потписниците на петицијата бараат три години продолжување на рокот до пензија за да можат универзитетите да подготват соодветен кадар.

На петицијата која ви ја пренесуваме во целост се потпишани звучни имиња од академската заедница.

Дел од нив бараат Џафери веднаш да ја стави оваа точка на дневен ред во собранието а министерот за образование Јетон Шаќири да даде одговор на барањето испратено уште пред 4 месеци.

Дел од нив се плашат дека владеачките партии СДСМ и особено ДУИ која има апсолутна контрола на системот на образование на местото на професорите кои треба да одат во пензија сакаат да вработат партиски кадри кои не ги задоволуваат ниту основните критериуми за високо образование.

Потписници на петицијата укажуваат дека според насоките на Светската банка Македонија треба да ги користи искуствата на ЕУ каде во многу земји за да се зачува нивото на професорките кадри и да се искористи нивното знаење се зголемува старосната граница за интелектуалните и научните професии.

Ефектот на пензискиот фонд каде дупката ќе биде уште поголема е посебна приказна.

Сите потписници на петицијата:

Последна вест

Препеани стиховите на песната која станува симбол на македонската борба за сувереност

Да беше жив Пепи ќе се гордееше, Бојана со одличен препев на ,,Заветна”