ДУИ бара Теута Арифи да биде македонски амбасадор во САД

Теута Арифи, како предлог на ДУИ, е најголем фаворит да стане нова македонска амбасадорка во Вашингтон.



Во најтесен избор за ова амбасадорско место се и професорот Љубомир Фрчкоски, како предлог на претседателот Стево Пендаровски, дипломатот Паскал Стојчевски, како предлог на шефот на дипломатијата Никола Димитров, но лидерот на ДУИ, Али Ахмети инсистирал таа позиција да ја добие неговата партија, пишува магазин.мк.

Овие три имиња се кристализирале во изминатите две недели на интензивни преговори за пополнување на дел од 25-те празни македонски амбасади.

Меѓу дипломатските претставништа што во моментов се без амбасадори се и оние во Пекинг, Рим, Белград, Атина или Обединетите нации.